
Леванте стигна до првата победа сезонава откако триумфираше со 2-1 над Вилјареал, а меѓу најзаслужните за ваквиот исход на мечот одигран во Валенсија беше Енис Барди.
Домашните фудбалери долго беа немоќни, Вилјареал создаваше и промашуваше шанси при 0-1 пред да биде досуден пенал врз Барди. Македонскиот ас не сакаше да падне по стартот на Екамби, но при прегледување на снимката контактот во шеснаесетникот беше очигледен, па судијата покажа на белата точка.
Моралес ја презеде одговорноста, но промаши. Сепак, Леванте имаше многу среќа бидејќи судијата покажа дека голманот се мрднал од гол-линијата, па ударот од единаесет метри повторно беше изведен. Овојпат топката ја зеде Роџер, кој ја смести во мрежата. Овој пенал ги исфрли од ритам гостите, па Леванте само неколку минути подоцна доби нов пенал, што Роџер го претвори во втор гол и целосен пресврт во корист на домашниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski