
Аријан Адеми ќе биде дел од групната фаза во Лигата на шампионите откако македонскиот репрезентативец со тимот на Динамо Загреб успеа да го елиминира Розенборг. Вечерашниот реванш заврши 1-1, но Динамо се пласираше во европската фудбалска елита благодарение на победата на домашен терен од 2-0.
Мечот почна лошо за Адеми и соиграчите откако Норвежаните поведоа веќе во 12. минута, а потоа пред крајот на првото полувреме го погодија и дирекот од еден слободен удар од дваесетина метри. Второто полувреме донесе поизрамнета игра, гостите се заканија со Адеми, кој биеше за малку непрецизно, пред Гојак да го постигне „златниот гол“ со кој беше ставен крај на надежите на Розенборг дека ќе успее да го елиминира Динамо.
За Адеми ова ќе биде второ учество во Лигата на шампионите, откако со Динамо настапуваше во ова натпреварување и во сезоната 2015/2016.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal