
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, уживаше во една од најважните победи откако е на кормилото на тимот. „Црвените ѓаволи“ го победија Ливерпул со 4-3 во неверојатна пресметка во четвртфиналето на ФА купот и ќе се соочат со Ковентри во борба за место во финалето.
„Првите 30 минути беа нашите најдобри од почетокот на сезоната. Игравме многу компактно и си помагавме, но потоа имаше и празни периоди, што е недозволиво против еден од најдобрите тимови во светот. Во тие моменти Ливерпул нѐ надигра, но потоа ги искористивме шансите и сите вложија многу труд да го свртиме резултатот. Секој од момците веруваше во победа“, изјави Тен Хаг.
„Рашфорд е непоколеблив и никогаш не се откажува. Вообичаено ги реализира шансите што ги пропушти, но важно е што продолжи да ја бара својата шанса. Ова ги инспирираше и другите“, потенцираше Холанѓанецот.
„Имаме тим со одлична иднина. Фудбалерите како Дијало, Гарначо и Мајну ќе продолжат да се подобруваат“, убеден е Тен Хаг.
„За да стигнеме до финалето мораме да го победиме Ковентри. Мора да одиграме на максимум од нашите можности, бидејќи противникот е силен и тоа веќе го докажа. Но, ние ќе бидеме подготвени“, изјави менаџрот на „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
