
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека неговиот тим бил надигран од Барселона. „Душекчиите“ загубија со 0-3 на „Ванда Метрополитано“ и ова е нивниот најтежок пораз од отворањето на стадионот во сезоната 2017/18. Мадриѓаните досега немаа пораз на овој стадион со повеќе од два гола разлика.
„Нашиот противник беше супериорен. Поодлучно делуваа во ситуации пред нашиот гол. Имавме и шанси, но Бариос и Мората промашија за израмнувачки погодок. Тоа беа важни епизоди. Вториот примен гол практично го реши натпреварот“, истакна Симеоне.
„Потрошивме многу енергија на претходниот натпревар. Немам што да им замерам на играчите, тие дадоа сѐ од себе. Да останеме смирени и да продолжиме да се бориме за четвртото место. Ќе биде тешко бидејќи екипите се сѐ посилни. Сега не е време да бараме изговори“, нагласи Чоло.
„Одигравме прекрасни 120 минути против Интер. Моравме да го освежиме составот, но по вториот гол силата нѐ остави. И честитам на Барса за победата“, изјави Аргентинецот.
Симеоне загуби 64% од натпреварите против Барселона во Ла Лига. Под негово водство, Атлетико има само две победи од 25 натпревари и собра 13 од можни 75 бода против Каталонците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
