
Барселона доби понуда од 80 милиони евра од Саудиска Арабија за крилниот напаѓач Рафиња, пишува каталонскиот „Спорт“. Засега не е познато кој клуб ја испратил понудата, но се шпекулира дека сите четири големи саудиски клубови Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли се подготвени да ја платат таа сума.
Рафиња во кариерата настапуваше за Гимараеш, Спортинг, Рен и за Лидс. Барселона го купи во летото 2022 година за 58 милиони евра од Лидс. Неговиот договор е со важност до 2027 година, а неговата вредност е проценета на околу 50 милиони евра. Затоа, доколку Барселона се согласи на оваа понуда од Саудиска Арабија, би можела да заработи на Бразилецот.
Веќе подолг период во Барселона не се задоволни од она што го добија од Рафиња откако пристигна во Шпанија. Неговиот придонес е слаб и клубот на лето ќе одлучи што да прави со него бидејќи тој е играч од чија продажба може да се заработат сериозни пари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal