Connect with us

Манчестер Јунајтед ја доби лудата пресметка со Ливерпул во ФА купот

Манчестер Јунајтед се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија откако на “Олд Трафорд” го победи Ливерпул со 4-3 по продолженија. Амад Дијало во 121.минута го постигна победничкиот гол за Јунајтед во оваа луда пресметка.

Манчестер Јунајтед се извлече во регуларниот дел и израмни на 2-2 со голот на Ентони, а потоа направи и целосен пресврт во продолженијата.

Харви Елиот донесе предност за Ливерпул од 2-3 во 105.минута, но Рашфорд израмни, а Дијало постигна гол за триумф непосредно пред крајот, по што требаше да се изведуваат пенали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови