Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, бил вербално и физички нападнат од група мажи во присуство на неговата сопруга и детето, соопшти менаџерската агенција на играчот.
Агенцијата посочи дека нападот врз италијанскиот репрезентативец, кој се случил пред училиштето на неговиот четиригодишен син, бил предизвикан од негативните коментари кои се појавиле во медиумите за Имобиле.
Според печатот во Италија, тој му свртел грб на тренерот Маурицио Сари, што доведе до оставка на стратегот минатата недела.
Голем дел од навивачите на тимот не ја прифатија со ентузијазам разделбата со Сари и сметаат дека за тоа е виновен Имобиле.
Преку своите агенти, Имобиле најави дека ќе преземе правни мерки против своите напаѓачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













