Баерн Минхен ја оствари 19. победа во Бундес-лигата оваа сезона откако на гости славеше против Дармштат со 2-5. Сега баварскиот тим има седум бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен, кој има одиграно и еден натпревар помалку.
Скарке изненадувачи го доведе Дармштат во водство, но до одморот Баерн направи пресврт со головите на Мусијала и на Хари Кејн.
Во вториот дел погодија Мусијала, Гнабри и Матис Тел, а Вилхелмсон го постави конечниот епилог (2-5).
Унион Берлин го победи Вердер со 2-1, а Аугсбург на гости славеше против Волфсбург со 1-3. Мајнц беше подобар од Бохум со 2-0, а Хајденхајм и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













