Германскиот првак Баерн Минхен најверојатно ќе ја загуби трката за шампионската титула во Бундес-лигата, а тоа беше пресудно за раководството на клубот по завршувањето на оваа сезона да ја заврши соработката со актуелниот тренер Томас Тухел. Истовремено, Баварците се во интензивна потрага по неговиот наследник.
Најголема желба е Чаби Алонсо, но Баер Леверкузен нема лесно да се откаже од него, а многу го посакува и англискиот гигант Ливерпул. Во опција се и Роберто де Зерби, но и поранешниот стратег Ханси Флик.
Сепак, германските меидуми понудија уште едно интересно име. Се работи за Ралф Рангник, кој има богато искуство од Бундес-лигата, а во последно време го предводеше Манчестер Јунајтед и сега е актуелен селектор на репрезентацијата на Австрија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













