Дресот со број „10“ на Барселона од следната сезона ќе има нов сопственик, објави Радио Каталуња. Раководството одлучи да му го даде иконскиот број на талентот Ламин Јамал.
Овој дрес долги години го носеше Лионел Меси, а по неговото заминување го доби Ансу Фати.
Сепак, напаѓачот често отуствуваше поради повреди, а минатото лето беше испратен на позајмица во Брајтон.
По враќањето од Англија, сепак, ќе мора да избере нов број.
16-годишниот Јамал минатата сезона дебитираше за првиот тим на Барселона, а оваа сезона веќе е еден од главните играчи во составот на Чави Хернандез.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













