Connect with us

Лига Европа: Ливерпул ќе игра против Аталанта, италијански дуел Милан – Рома

По денешната ждрепка за четвртфиналето од Лигата на шампионите во Нион, се одржа и ждребот за четвртфиналето во Лига Европа. Ливерпул доби италијански ривал, ќе се сретне со Аталанта, а Милан и Рома ќе има сеиталијанска пресметка.


Баер Леверкузен ќе ги одмери силите со Вест Хем, а последната двојка е Бенфика – Олимпик Марсеј.

ЛИГА ЕВРОПА, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Милан – Рома
Ливерпул – Аталанта
Баер Леверкузен – Вест Хем Јунајтед
Бенфика – Олимпик Марсеј

Првите четвртфинални натпревари се закажани за 11 април, додека реваншите се закажани за 18 април.

Што се однесува до полуфиналето, првите натпревари ќе се играат на 2 мај, а реваншите седум дена подоцна.

Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 22 мај во Даблин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови