
Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо зборуваше за својата иднина. Во последните денови повторно се појавија информации дека Уругваецот би можел да биде продаден на лето доколку Каталонците добијат солидна понуда.
Финансиската состојба на Барселона е лоша, поради што клубот можеби ќе мора да се раздели со еден од главните играчи.
Сериозен интерес за Араухо има од Баерн Минхен и од Манчестер Јунајтед. Баварците веќе направија обид да го купат дефанзивецот зимата, кога за неговите права понудија околу 80 милиони евра.
„Мојата иднина зависи од клубот. Сите знаат дека сум многу среќен во Барса и благодарен сум на Чави. Среќен сум што се пласиравме во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако одигравме фантастичен натпревар против Наполи. Многу ни помогна и поддршката од навивачите“, изјави Араухо.
Договорот на Уругваецот со Барселона е до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир
