
Хрватскиот стратег Игор Тудор ќе биде нов тренер на Лацио. Сите детали се веќе договорени со раководството на клубот и тој треба од почетокот на следната седмица да го преземе тимот.
Маурицио Сари претходно поднесе изненадувачка оставка од тренерската позиција на „лацијалите“, а овој викенд тимот ќе го предводи неговиот досегашен асистент.
Се очекува Игор Тудор да потпише договор на една и пол сезона, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.
Лацио во моментот се наоѓа на деветтото место во Серија А и е далеку од позициите кои водат во Европа.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
