Хари Кејн, кој има одлична индивидуална сезона за Баерн Минхен, посакува Баварците само да ги добиваат своите натпревари до крајот на сезоната и се надева дека на таков начин сепак може да стигне до шампионската титула.
Капитенот на англиската репрезентација досега има 30 гола во Бундес – лигата, но шампионот заостанува десет бода зад лидерот Баер Леверкузен на девет кола до крајот на сезоната.
„Баер Леверкузен останува фаворит, реалните рејтинзи го покажуваат тоа. Единственото нешто што можеме да го направиме сега е да победуваме. Имаат фантастична сезона и ние го почитуваме тоа. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите натпревари до крајот и можеби некаде тие ќе испуштат бодови”, коментира искусниот напаѓач.
Кејн има вкупно 36 гола во сите натпреварувања во текот на сезоната, која е негова прва во Германија.
Роберт Левандовски го држи рекордот за најмногу постигнати голови – 41, во едно првенство во Бундес – лига. Ова се случи во сезоната 2020-21.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













