
Кога дојде од Сантош во Реал Мадрид за 45 милиони евра пред четири години, Родриго беше најавен како играч кој ќе биде иднината на „кралскиот клуб“. Бразилецот ја чекаше својата шанса, а со заминувањето на Карим Бензема минатата година се наметна во првиот тим на Реал.
Во Мадрид очекуваа дополнителен исчекор, но изгледа како Бразилецот да стагнира.
Неговата статистика не е лоша, има 13 гола и осум асистенции оваа сезона и е трет во тимот зад Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.
Сепак, на Родриго најмногу ќе влијае доаѓањето на Килијан Мбапе од Париз на лето. Бразилецот ќе мора да отстапи место за француската ѕвезда, но додава дека Реал сѐ уште не размислува за евентуална продажба.
На „Бернабеу“ се свесни дека секоја сезона за Реал е долга и напорна, бидејќи секогаш се бориз за трофеи на сите фронтови, па не сакаат лесно да се ослободат од бразилскиот репрезентативец.
Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез нема да прави драма доколку Бразилецот е незадоволен и самиот сака да замине. Ако некој понуди 120 милиони евра, не е невозможно и да го продаде на крајот од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир
