
Поранешниот италијански репрезентативец Пабло Даниел Освалдо (38) низ солзи на Инстаграм зборуваше за својата психичка состојба и зависностите под кои западнал.
„Не ми оди добро, чувствувам потреба да кажам дека веќе некое време се борам со депресија, која ме доведе до некои зависности, алкохол и дрога. Очаен сум“, започна прославениот нашаѓач на Јувентус, Рома и Интер и продолжи:
„Чувствувам дека животот ми излегува од контрола. На психијатриско лекување сум, пијам лекови. Имам специфична болест, губење на самодовербата, депресија и многу пати потпаѓам под своја зависност. Запаѓам во самоуништување и живеам затворен во куќата. Не одам никаде, не ми е грижа да станам од кревет, да ја напуштам собата само за да јадам. Паднав во многу лоша зависност што само ја влоши мојата депресија“.
Аргентинецот со италијански пасош сега се наоѓа во родната татковина.
„Се лекувам на психијатрија, но тешко ми е да излезам од тоа. Повторно запаѓам во зависност и се дистанцирам од луѓето што ги сакам. Порано бев врвен фудбалер, сосема поинаква личност, горд и самоуверен. Ова е личност која не ја познавам. Многу е тешко да се каже што е реално, а што не. Не можам сам да излезам од тоа. Сакам да се вратам и да бидам тоа што бев. Сега не знам како да излезам од оваа куќа, немам стабилна работа, ги потрошив сите пари. Отсекогаш сум бил добар пријател, се надевам дека ќе бидам добар татко“.
Пабло Освалдо играше за Хуракан, Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Бока Јуниорс, Порто и Банфилд. Овој Аргентинец има 14 настапи и четири гола за италијанската репрезентација.
Кариерата ја заврши пред четири години во аргентински Банфилд. Во кариерата заработи околу 11 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal