
Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, би можел да ја продолжи кариерата во Лига 1. Пари Сен Жермен е клубот кој сака да го ангажира 25-годишниот Французин, гледајќи го како одлично дефанзивно засилување за летниот преоден рок.
Покрај парижаните, за услугите на играчот се заинтересирани и два клуба од Премиер – лигата, Челси и Манчестер Јунајтед.
Упамекано му се приклучи на Баерн Минхен во летото 2021 година. Оттогаш, тој одигра 107 натпревари, постигнувајќи три гола и осум асистенции. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2025/26.
Вредноста на Французинот е проценета на 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal