Англискиот премиерлигаш Астон Вила го продолжува настапот во Конференциската лига откако го декласира Ајакс на домашен терен со 4-0. Првиот меч во Амстердам заврши без голови.
Оли Воткинс го отвори резултатот, а Леон Бејли зголеми на 2-0. Дуран беше стрелец на третиот гол, а серијата за Астон Вила ја затвори Дијаби. Ајакс од 66.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мансверк.
Клуб Бриж беше убедлив дома против Молде и славеше со 3-0. Андреас Сков Олсен беше двоен стрелец, а погоди и Михал Скорас, надоместувајќи ја негативата од 1-2 од првиот меч.
Лил исто така патува во следната рунда иако одигра 1-1 на домашен терен против Штурм. Сепак, францускиот тим имаше предност од 3-0 од првиот дуел во Австрија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













