
Елиф Елмас се најде на списокот од 60 најдобри млади фудбалери во светот откако македонскиот репрезентативец мина уште еден „филтер“ во трката по наградата „Златно момче“. Италијанскиот весник „Тутоспорт“ традиционално ја доделува оваа награда, изборот почнува со 100 фудбалери ширум светот и потоа во неколку рунди се намалува за по 20 играчи.
Елмас не добива преголема минутажа во Наполи на стартот од италијанската авантура, но за времето што го мина на теренот сепак покажа дека станува збор за голем талент пред кого е блескава иднина. Затоа, не е изненадувачки што тој не го мина само првото, туку и второто кратење, останувајќи на списокот на кој сега има „само“ 60 млади фудбалери.
Актуелен освојувач на оваа награда е Матијс де Лихт, кому главни ривали му се Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и Санчо од Борусија Дортмунд

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski