Хрватскиот клуб Динамо Загреб е елиминиран во осминафиналето на Конференциската лига откако загуби со 5-1 на гостувањето против ПАОК во Солун. Баба Рахман го отвори резултатот, Петар Сучиќ си постигна автогол за 2-0, а третиот гол беше дело на Брендон Томас.
Арбер Хоџа во 49.минута го врати Динамо Загреб во живот со гол за 3-1, со оглед дека првиот меч го добија со 2-0, но потоа следеа головите на Кулиеракис и на Живковиќ од пенал, со кои ПАОК обезбеди пласман во четвртфиналето.
Фиорентина одигра 1-1 против Макаби Хаифа на домашен терен, но славеше на првиот меч со 4-3 и се пласира меѓу осумте најдобри. Фенербахче загуби дома со 0-1 од Унион Сен Жил, но на првиот дуел во Белгија победи со 0-3 и оди понатаму.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













