
Манчестер Јунајтед ќе мора да плати повеќе од 10 милиони фунти обештетување доколку реши да го отпушти менаџерот Ерик тен Хег на крајот од сезоната. Местото на Холанѓанецот е доведено во прашање поради лошата сезона што ја имаат „црвените ѓаволи“.
Според медиумите на Островот, отказот за поранешниот тренер на Ајакс нема да биде евтин за клубот.
Манчестер Јунајтед е блиску до границата за трошење дозволена според правилата за профитабилност и одржливост во јануари. Затоа Ерик тен Хаг не го доби толку бараниот напаѓач во зимскиот преоден рок.
И покрај сè, се верува дека Тен Хаг има доверба од Сер Џим Ретклиф во моментов. Сепак, тоа може да се промени доколку Јунајтед не успее да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.
„Црвените ѓаволи“ во моментов заостануваат осум бода зад Астон Вила која се наоѓа на четвртото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
