Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е еден од тројцата најдобри стрелци во Европа низ досегашниот тек на 2019 година, и тоа во друштво на Лионел Меси и Роберт Левандовски.
На сите официјални натпревари за АЕК Ларнака оваа година, Тричковски има постигнато 21 гол, што го носи на листата на најдобрите стрелци веднаш за Лионел Меси кој има 34 гола и Роберт Левандовски од Баерн Минхен кој е со 28 погодоци.
Заедно со Иван Тричковски со по 21 гол на листата се Садио Мане од Ливерпул и Пјер Емерик Обамејанг, а понатаму следат Мохамед Салах од Ливерпул со 17 гола како и Кристијано Роналдо со 16 погодоци.
И покрај повредата, и паузата од терените извесен период, Иван Тричковски кој игра во извонредна форма стигна до бројката од 21 гол, по што следи веднаш понудата и за нов договор од АЕК Ларнака.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













