Нов тренер на турскиот гигант Фенербахче би можел да биде ни помалку ни повеќе Жозе Мурињо, пренесуваат тамошните медиуми.
Тие се повикуваат на извори блиски до португалскиот стратег кој би можел да го преземе клубот од Истанбул на почетокот на следната сезона.
Сегашниот тренер Исмаил Картал најверојатно ќе мора да замине доколку не успее да го одведе тимот до првото место во шампионатот. При таков расплет би се отворила опцијата за доаѓање на еден од најголемите светски тренери на клупата на турскиот гигант.
На почетокот на јануари Жозе Мурињо ја напушти Рома, која ја тренираше од 2021 година.
Во својата кариера „Специјалниот“ ги тренираше најголемите светски клубови како Порто, Челси, Интер, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома, а ова би била негова прва задача во Турција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













