Шпанскиот гигант Барселона ќе размисли за продажба на уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо доколку тоа го бара економската ситуација на клубот.
Каталонците ќе треба да направат по еден голем излезен трансфер за да ги ангажираат Витор Роке и Ињиго Мартинез, кои сега се регистрирани како позајмени фудбалери.
По триумфот над Наполи во Лигата на шампионите, Араухо изјави дека неговата иднина зависи од клубот, а „ЕСПН“ пренесува дека Барселона ќе се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда за 25-годишниот дефанзивец.
Надежите на сопствениците на каталанскиот гигант сѐ уште се дека ќе успеат да ја балансираат финансиската состојба на клубот со продажба на помалку клучни играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













