
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше пресреќен откако неговиот тим се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Атлетико успеа да ги елиминира „нероаѕурите“ по изведувањето пенали.
„Им се восхитувам на нашите навивачи – пречекот што ни го приредија, од моментот кога пристигнавме на стадионот, беше многу емотивен. Претходно одигравме лош натпревар против Кадиз, па се обидов да ги убедам моите играчи дека не треба да очекуваат голема поддршка од трибините и мора да дадат сѐ од себе за да ја заслужат“, изјави Симеоне.
„Нашите поддржувачи имаат огромно влијание на нашиот стадион. Целиот свет може да го види тоа. Публиката им помогна на играчите да пораснат против овој неверојатен противник. Коке го остави срцето на теренот, Гризман не престана да трча додека не можеше да се движи. Мемфис влезе од клупата и докажа дека навистина ни е потребен. Тоа беше она што ни требаше за да успееме. Да се биде меѓу најдобрите осум можеби звучи лесно, но не е“, додаде аргентинскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal