Connect with us

ЛШ: Санчо и Ројс ја одведоа Борусија Дортмунд во четвртфинале, Атлетико и Интер ќе играат продолженија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд е претпоследниот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако на домашен терен го победи ПСВ Ајндховен со 2-0. Првиот меч во Холандија заврши 1-1, па тоа беше доволно за пласман меѓу осумте најдобри екипи.

Џејдон Санчо во третата минута беше стрелец на водечкиот гол за Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна парк“, а триумфот во последните мигови го потврди Марко Ројс.

Атлетико Мадрид и Интер ќе играат продолженија на „Ванда Метрополитано“ откако домаќинот го доби мечот во регуларниот тек со 2-1. Со тоа ја елиминира негативата од еден гол (0-1) од дуелот во Милано.

Федерико Димарко во 33.минута донесе водство за Интер по еден одлично изведен противнапад, но само две минути подоцна израмни Антоан Гризман.

Голот за продолженија го постигна Мемфис Депај во 87.минута од натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови