
Англискиот вицешампион Арсенал одлучи да ја активира опцијата за купување на голманот Давид Раја, кој стана голем херој за „топчиите“ во осминафиналето од Лигата на шампионите против Порто.
Со два одбранети пенали, Раја му помогна на својот тим да стигне до четвртфиналето во елитното европско натпреварување за првпат по 14 години.
Од клубот се задоволни од настапите на Раја, па решија да ја активираат откупната клаузула на голманот. Тој е во сопственост на Брентфорд, а сумата која Арсенал ќе треба да ја плати за него изнесува 27 милиони фунти.
Перманентниот договор меѓу раководството на Арсенал и Давид Раја ќе биде потпишан на лето.
Во текот на тековната сезона, Давид Раја одигра 29 натпревари во сите натпреварувања. Шпанскиот голман во досегашната кариера настапуваше и за Блекбурн и за Саутпорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
