
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд, е оптимист дека Алфонсо Дејвис ќе потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на Канаѓанецот истекува во летото 2025 година, а се верува дека за него има сериозен интерес од Реал Мадрид.
„Имаме добри и отворени разговори и ќе видиме што ќе се случи во следните неколку недели. Фонзи е многу комотен во Минхен и многу среќен што игра за Баерн. Не размислувам негативно”, изјави Фројнд.
Последните информации велат дека Баерн Минхен на Алфонсо Дејвис ќе му понуди плата од околу 12 милиони евра по сезона. Се очекува оваа недела да има разговори со неговите претставници. Но, Канаѓанецот бара 20 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
