Фудбалерите на Арсенал синоќа, по голема драма, се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако во реваншот на домашен терен по подобро изведување пенали го победија Порто со 4-2.
По регуларниот дел од играта и продолженијата, резултатот беше 1-0 за Арсенал, а Порто со идентичен резултат победи на првиот меч во Португалија.
Арсенал се пласираше во четвртфиналето на елитното натпреварување за првпат по 2010 година.
„Многу сум среќен, 14 години се долго време за клуб како Арсенал да не го прави тоа што го направивме сега. Моравме да „копаме“ за да дојдеме до овој магичен момент. Толку сум горд и среќен“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета по дуелот во Лондон.
Шпанскиот стручњак истакна дека неговиот тим вежбал пенали како подготовка за реваншот против Порто.
„Знаете дека пеналите се малку лотарија, но се подготвувавме за нив и тоа навистина помогна. Почнавме да создаваме неверојатна енергија на стадионот и заедно успеавме. Неверојатно“, потенцираше Артета.
Арсенал го очекува голема борба за титулата и во Премиер – лигата која ја чека цели 20 години. Во моментов на десет кола до крајот „топчиите“ го делат првото место со Ливерпул, а бод помалку има третопласираниот Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













