
Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, упати обвинувања кон Микел Артета дека во текот на натпреварот на „Емирати“ му го навредувал семејството.
„Артета се сврте кон клупата за време на натпреварот и го навредуваше моето семејство на шпански јазик. Му реков дека личноста која ја навредува веќе не е меѓу нас. Подобро е да се грижи за тренирање на својот тим кој има квалитет да игра многу подобро“, изјави Консеисао.
Артета не сакаше да коментира на оваа тема.
„Немам коментар. Ви благодарам многу“, истакна Артета.
Арсенал на пенали (4-2) го елиминираше Порто и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
