Раководството на Интер ќе започне преговори за нов договор со ѕвездата на тимот Лаутаро Мартинез. Ова ќе се случи по реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Агентот на Аргентинецот, Алехандро Камано, очекува во Мадрид да има разговори со шефовите на „нероаѕурите“, пишува „Газета дело Спорт“.
Желба на двете страни е Лаутаро Мартинез да остане на „Џузепе Меаца“. Сепак, двете страни допрва треба да разговараат за должината на договорот и платата на напаѓачот.
Актуелниот договор на Лаутаро Мартинез истекува во 2026 година.
Желбата на Аргентинецот е да добива околу 10 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













