Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен е најголемиот трансфер на сите времиња. Сепак, секоја ера носи свои финансиски параметри, а инфлацијата е нешто што мора да биде вклучено при секој трансфер, посебно од оние во минатото.
Економските експерти пресметале дека трансферот на Нејмар, согледувајќи ги сите параметри и разликата што го носат различните периоди во историјата на фудбалот, е рангиран дури на осмото место.
Најголем трансфер на сите времиња е заминувањето на Бразилецот Роналдо Назарио од Барселона во Интер. Тој тогаш чинеше 25 милиони фунти, а во сегашно време би чинел неверојатни 380 милиони фунти.
Потоа следат трансферите на Диего Армандо Марадона и на Мишел Платини.
Еве ја листата на најскапи трансфери, претворени во сегашни параметри, согласно инфлацијата .
- Роналдо (од Барса во Интер) – 25.000.000 фунти, со инфлација 380.000.000 фунти
- Марадона (од Барса во Наполи) – 6.000.000 фунти, со инфлација 300.000.000
- Платини (од Сент Етјен во Јуве) – 3.000.000, со инфлација 295.000.000
- Виери (од Лацио во Интер) – 41.000.000, со инфлација 295.000.000
- Ван Бастен (од Ајакс во Милан) – 1.000.000, со инфлација 289.000.000
- Батистута (од Фиорентина во Рома) – 32.000.000, со инфлација 247.000.000
- Игуаин (од Наполи во Јуве) – 79.000.000, со инфлација 232.000.000
- Нејмар (од Барса во ПСЖ) – 199.000.000, со инфлација 199.000.000
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal