Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол, кој претходно настапуваше за аргентинскиот Расинг, ги спореди навивачите на овие два клуба. Според Аргентинецот, навивачите на „душекчиите“ во Мадрид се многу повеќе од оние на Реал Мадрид.
„Атлетико Мадрид е многу сличен на Расинг во страста на навивачите. Реал Мадрид прави многу повеќе маркетинг низ светот, но во и околу Мадрид мнозинството се навивачи на Атлетико. Оние кои навиваат за Атлетико се многу страсни, исто како и навивачите на Расинг. Тоа ви го менува денот, работата и расположението. Кога победувате, сѐ е неверојатно, а кога губите го чувствувате тоа“, изјави Родриго де Пол.
Оваа сезона, аргентинскиот играч од средниот ред одигра 36 натпревари во сите конкуренции за клубот, постигнувајќи еден гол и пет асистенции.
Договорот на Аргентинецот со Атлетико Мадрид истекува во летото 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













