Арсенал му гостува на Порто на „Емирати“ во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Микел Артета е во одлична форма, а сега застана и на врвот на табелата во Премиер – лигата.
„Топчиите“ го загубија првиот меч од Порто со 0-1, но се надеваат дека со поддршка од трибините на домашен терен ќе го свртат текот на пресметката.
Арсенал има само два порази на домашен терен во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
„Фокусирани сме на нашата игра. Порто има предност од првиот меч во Португалија, но има уште еден натпревар пред нас и се надеваме дека ќе успееме тоа да го надоместиме“, изјави Микел Артета во пресрет на дуелот.
Порто заостанува во трката за титулата во Португалија, но засега е одличен во Лигата на шампионите. „Змејовите“ играат напаѓачки фудбал и имаат силен напад, но ќе мора да се потпрат главно на добрата игра во дефанзива на „Емирати“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













