
Стефан Спировски ќе биде значаен адут на Хапоел во битката за висок пласман во израелското првенство откако македонскиот репрезентативец денеска и официјално беше претставен како најновото засилување на овој клуб. Тој се сели во Израел од редовите на Ференцварош, а со Хапоел денеска потпиша договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.
„Слушнав многу убави работи за клубот, како и за градот Тел Авив. Едвај чекам да дојдам на новиот стадион и да се запознаам со навивачите. Верувам дека сите заедно ќе им донесеме многу радости во текот на сезоната“ – изјави Спировски по потписот на договорот.
Македонскиот интернационалец веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и се очекува да дебитира за Хапоел Тел Авив веќе на саботниот меч на домашен терен против Секциа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal