Енис Барди одигра два одлични натпревари заија Македонија, постигна и погодок на гостувањето против Летонија, а пред одличниот играч за врска сега е нов предизвик, гостување со екипата на Леванте на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид. Барди се уште не знае за пораз на мадридскиот храм на фудбалот каде има една победа и едно реми, серија што се надева дека ќе продолжи и на утрешниот натпревар.
„Знаеме колку познат стадион е „Сантијаго Бернабеу“, сите сакаме да играме и да се претставиме во што подобро светло таму. Секогаш му правиме проблеми на Реал, кога и да дојдеме во Мадрид постигнуваме најмалку по еден гол, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Нема да биде лесно, секој меч со Реал е исклучително тежок во текот на сите 90 минути, но се надевам дека повторно ќе освоиме бодови во Мадрид“ – истакна Барди во пресрет на дуелот со најтрофејниот европски клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













