Едер Милитао, кој се опоравува од тешката операција, покажа дека е сѐ поблиску до враќање на терените. Тој денеска повторно се приклучи на тренингот на Реал Мадрид заедно со останатите соиграчи.
Пред неколку дена Бразилецот се појави на теренот, но беше многу повнимателен.
Централниот дефанзивец заработи тешка повреда на првиот натпревар на „кралевите“ во Ла Лига ова лето и првичните прогнози беа дека тој нема да се врати до март.
Потоа се појави информација дека првите фази од неговото лекување не минуваат без проблеми, поради што се очекува да се врати во ритам дури во април.
Дербито со Барселона е закажано за викендот на 21 април, а на 9/10 и 16/17 април ќе се одиграат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Милитао се надева дека ќе биде фит за тие дуели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













