Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не брза да го нарече неделното дерби против Манчестер Сити – решавачко за титулата. Двата тима ги дели само бод во трката за врвот, а веднаш зад нив е Арсенал.
Менаџерот на Ливерпул призна дека Ибрахима Конате не е сигурен за дербито, додека Џо Гомез е целосно фит.
Прес-конференцијата на Клоп мина главно на одговарање на прашања за неговата „битка“ со Пеп Гвардиола, која е при крај откако Германецот ја објави одлуката да си замине од „Енфилд“ на крајот од сезоната.
„Тоа е меч кој одлучува за титулата? Не знам кој го смисли ова, но сѐ уште е рано. Мислам дека никој не треба да го отвора шишето шампањ без разлика на резултатот“, изјави Клоп.
„За мене Пеп е најдобриот тренер во светот. А Манчестер Сити воопшто има неверојатни играчи и најквалитетни во моментов. Де Бруин ќе влезе во историјата како најдобар заендо со Стивен Џерард, а Фил Фоден веројатно е „број 1“ во Англија. Сепак, јас никогаш не се чувствував загрижен за Гвардиола. Како фудбалер познавав најмалку 3000 играчи кои беа подобри од мене, но немав проблем со тоа. Пеп дури ме направи посилен менаџер. Има подигнато толку многу трофеи, но ако го погледнете од страна, поради неговата страст, се добива впечаток дека ништо не освоил. Тој е инспирација за многу тренери“, изјави Јирген Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal