
Тренерот на Лајпциг, Марко Росе, немаше за што да ги критикува своите играчи по ремито (1-1) против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Овој резултат не беше доволен за германскиот тим кој беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат 1-2.
„Создадовме многу шанси и одигравме навистина добро. Во вакви натпревари многу е важно да се најде вистинскиот баланс. Се браневме цврсто и притискавме високо. Нашите севкупни перформанси беа на многу високо ниво“, изјави Росе.
„Едноставно не постигнавме доволно голови. На крајот на краиштата, исходот не е во наша корист. Разочарани сме бидејќи имавме високи амбиции и сакаме да се натпреваруваме со најдобрите. Момците покажаа дека ја посакуваат победата и можат да ја остварат“, продолжи тренерот на „црвените бикови“.
„Имаме многу квалитетни играчи и постигнуваме многу голови во Бундес-лигата. Можеби само ни недостасуваше искуство или смиреност во некои важни ситуации. Ни недостигаше и среќата, а тоа е многу важно во спортот“, истакна стратегот на Лајпциг.
Елиф Елмас доби шанса во последните пет минути од натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal