
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, конечно ги продолжи тренинзите со тимот на „црвените“. Египетскиот интернационалец долго време лечеше повреда на мускулот, но се чини дека проблемите се веќе зад него.
Салах денеска учествуваше на тренингот на Ливерпул, кој беше делумно отворен за медиумите. По тренингот, Јирген Клоп и фудбалерите заминаа за Прага, каде утре ќе се сретнат со Спарта Прага во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа.
Mohamed Salah is back! 🙌pic.twitter.com/ZoiwwCXc2I
— Premier League (@premierleague) March 6, 2024
Се очекува Салах да има минутажа во главниот град на Чешка и да биде подготвен за големото дерби в недела против Манчестер Сити.
Другата добра вест за Јирген Клоп е што голманот Келехер исто така беше во тренажен процес. Во последните денови се појавија информации дека Ирецот е повреден.
Како што е познато, стартниот голман на „црвените“, Алисон Бекер, ќе биде подолг период надвор од терените поради проблем со мускулот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
