Connect with us

На Анчелоти му се заканува затворска казна од пет години?

Обвинителството во Шпанија побара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пишува каталонскиот „Спорт“. Причина за ова е даночна измама од еден милион евра.


Се тврди дека во периодот од 2014 до 2015 година, италијанскиот стратег не плаќал правилно даноци за имиџ правата, со што ја измамил јавната каса од 1,06 милиони евра.

Обвинителите тврдат дека Анчелоти започнал „сложена и збунувачка“ мрежа на компании за да ги канализира тие приходи. Тој ги префрлил своите права на имиџ на ентитети без активност надвор од Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови