Благодарение на бравурите на Килијан Ембапе, францускиот првак ПСЖ победи со 1-2 во Сан Себастијан во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Парижаните со две победи одат во следната фаза.
Тренерот Луис Енрике по натпреварот изјави дека е задоволен од пристапот на тимот.
„Среќни сме и задоволни. Мислам дека сме константни во текот на сезоната, храбри и амбициозни, излегуваме на теренот со желба да победиме. Одигравме многу добар натпревар и го запревме Сосиедад. Сè помина совршено поради извонредниот однос на играчите“, изјави Енрике.
„Не мора да го менаџирам Килијан, тој се снаоѓа сам. Секогаш на прес-конференциите велам дека Килијан има слобода да игра каде и да почувствува на теренот во одреден момент. Овојпат беше повеќе фиксиран на левата крилна позиција бидејќи тоа беше во интерес на тимот. Кога ќе го оставите Килијан Мбапе добро позициониран во последната третина од теренот, тој е смртоносен“.
Луис Енрике не застана тука со пофалбите.
„Бевме извонредни. Осман (Дембеле) му помогна на Нуно (Мендеш) во одбраната против Куба. Добро го притискавме Реал Сосиедад, ги спречивме да го контролираат натпреварот“.
Вечното прашање е дали ПСЖ конечно може да ја освои титулата во ЛШ.
„Никој нема поголема желба да го направи тоа од нас. Нема тим кој стигнал до четвртфиналето со поголема желба за победа од Пари Сен Жермен. Сепак, ние не чувствуваме никаков притисок. Прашајте ги нашите ривали дали сакаат тие да играат против ПСЖ“, заклучи Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal