Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека натпреварите во Лигата на шампионите стануваат сѐ потешки. Вечерва „граѓаните“ се соочуваат со данскиот тим ФК Копенхаген на „Итихад“, откако првиот меч го добија на гостински терен со 1-3.
Според стратегот, кој покрај Сити има и два трофеи од ова натпреварување со Барселона, нивото на конкуренцијата е многу повисоко во однос на претходните години.
„Станува подобро и потешко. Кога бев во Барселона во првите години си мислев: „Во ред, барем ќе стигнеме до полуфиналето“. Сега, сепак, да се стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите е многу тешко. Тимовите се сѐ подобри, а исто така и тренерите. Сепак, на крајот, подобриот тим секогаш продолжува понатаму“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













