Раководството на Интер е задоволно од последните настапи на чилеанскиот ветеран Алексис Санчез и размислува да му понуди нов договор, пишува италијанското издание Calciomercato.com.
35-годишниот Санчез почна да се етаблира како важен дел од тимот на тренерот Симоне Инзаги, откако имаше помала минутажа во првиот дел од сезоната поради повреда.
Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни, но со добрите игри во следните три месеци тој би можел да добие продолжување на соработката.
Интер е неприкосновен лидер на табелата во италијанската Серија А со 72 бода по 27 кола.
Италијанскиот тим исто така го чека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на 13 март, со предност од еден гол од првиот натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













