Connect with us

Салах се враќа во тимот на Ливерпул за дербито против Манчестер Сити

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, најверојатно ќе биде на располагање за големото дерби против Манчестер Сити в недела.


Ѕвездата на „црвените“ пропушти низа натпревари во Премиер – лигата поради повреда на мускулот што ја заработи на воведниот натпревар на Египет на Африканскиот куп на нации во јануари.

Салах се врати во победата од 4-1 над Брентфорд, но по тој натпревар повторно имаше здравствени проблеми.

Напаѓачот сега е подготвен за целосен тренинг и се очекува да тренира заедно со останатите соиграчи во следните неколку дена.

Можно е Салах да добие минутажа и в четврток, кога Ливерпул игра против Спарта Прага во Лига Европа.

Големото дерби за врвот на Премиер – лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра в недела на стадионот „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови