Connect with us

Суперлигата тврди дека 72% од фановите ја поддржуваат нејзината идеја

Компанијата која стои зад проектот за Европска Суперлига продолжува да се обидува да ја убеди фудбалската јавност дека идејата има широка поддршка. Уште еден потег во оваа насока објави истражувањето на А22, според кое на поддржувачите во Европа им се допаѓа идејата.


Анкетата беше нарачана од А22 и спроведена од компанијата „OpinionWay“, која тврди дека нејзината работа е „спроведена во согласност со најновите научни стандарди“.

Според резултатите од истражувањето, 72% од навивачите во Европа и 65% од поддржувачите во Велика Британија ја поддржуваат идејата за Суперлигата. Сепак, веродостојноста на овие податоци изгледа доста дискутабилна, со оглед на тоа што во април 2021 година, кога за прв пат беше објавена идејата за Суперлигата, во рок од 72 часа речиси сите клубови се повлекоа од проектот, откако навивачи ширум Европа масовно излегоа на улиците да протестираат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови