Connect with us

Баерн Минхен почна преговори со Чаби Алонсо

Раководните лица во Баерн Минхен веќе започнале разговори со тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, тврди „Скај Германија“. 42-годишниот Шпанец е цел број еден на Баварците да го замени Томас Тухел, кој заминува на крајот од сезоната.


Огромен интерес за Алонсо има и Ливерпул, а „црвените“ веќе преговараат не само со Шпанецот, туку и со Баер Леверкузен.

„Скај Германија“ смета дека Алонсо повеќе би сакал да седне на клупата на Баерн Минхен бидејќи задачата да го наследи Јирген Клоп изгледа многу компликувана и во таква ситуација постои голем ризик повеќе да загуби во однос на развојот на кариерата отколку да добие.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови