Connect with us

Рома му нуди нов договор на Де Роси

Раководството на Рома е импресионирано од работата на Даниеле Де Роси и планира да му понуди нов договор. 40-годишниот стратег го презеде тимот откако Жозе Мурињо доби отказ во јануари.
Тој потпиша шестмесечен договор според кој ќе добие 500.000 евра.


Де Роси го предводеше тимот до шест победи во нивните последни седум натпревари во Серија А. Шефовите на „волчицата“ беа импресионирани од тоа како тој можеше веднаш да го подигне тимот и да постигне резултати, како и од одличниот однос со играчите.

Според италијанските медиуми, Рома е подготвена да му понуди двегодишен договор со значително зголемување на платата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови