Connect with us

Алегри: Овој Јувентус е неискусен за големи дерби натпревари

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го коментираше поразот на тимот со 1-2 од Наполи во дербито од 27. коло на италијанската Серија А.


Загубата ги остави „бјанконерите“ далеку од врвот, што по секоја веројатност значи дека „старата дама“ и оваа година прерано ќе се раздели со надежите за „скудетото“.

„Момците одиграа добро, имавме шанси кои не ги искористивме. Сето тоа е дел од процесот, дел од растот, го бараме вистинскиот баланс во големите натпревари. Го покажавме нашето неискуство“, изјави Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови