Connect with us

Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед во трка за голгетерот на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, синоќа го постигна својот 31. гол сезонава пред скаутите на Арсенал, Челси и на Манчестер Јунајтед. Сите три тима се заинтересирани да го ангажираат шведскиот репрезентативец на лето, пренесуваат медиумите на Островот.


Ѓокереш има откупна клаузула од 100 милиони евра во договорот со Спортинг, кој важи до летото 2025 година. 25-годишниот напаѓач пристигна во португалската престолнина од англискиот второлигаш Ковентри Сити пред почетокот на сезоната.

Скаутите на Арсенал, наводно, гледале голем број играчи во победата на Спортинг над Бенфика од 2-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Португалија, вклучувајќи го и 20-годишниот централен бек Усман Диоманде.

Сепак, се верува дека Ѓокереш бил главната цел на интерес бидејќи менаџерот Микел Артета и спортскиот директор Еду планираат да купат нов напаѓач кога повторно ќе се отвори преодниот рок. Но, ќе се соочат со сериозна конкуренција од Челси и од Манчестер Јунајтед, кои исто така имаат апетити за Швеѓанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови